✅ Денеска е голем и значаен ден за Општина Прилеп. Со посебна гордост ја отвораме новата детска градинка „Бајка“, сместена во урбаното јадро на населбата Точила – современ и функционален објект кој е дел од Јавната општинска установа „Детски градинки – Наша Иднина“.
☝️Овој капитален проект, со капацитет за над 200 дечиња, е од непроценливо значење за младите семејства во нашиот град. Со неговото пуштање во употреба, конечно ставаме крај на деценискиот проблем со листите на чекање и обезбедуваме топол, безбеден и стимулирачки простор за најмладите прилепчани.
Кога оваа Локална самоуправа го презеде мандатот, градинката постоеше само како карабина од еден спрат, недовршена и нефункционална. Со посветена работа, денес пред нас имаме целосно завршен, опремен и функционален објект, во кој вложивме 133 милиони денари – средства целосно обезбедени од општинскиот буџет.
✅ Притоа, направивме доработка и адаптација на проектот – дополнителна изградба на трафостаница, изградба на ограден ѕид за безбедност, набавка на современи реквизити за игра и развој, како и целосно опремување на просториите според највисоки стандарди за предучилишна грижа и едукација.
☝️Оваа градинка не е само објект – таа е симбол на нашата посветеност кон децата, семејствата и иднината на Прилеп. Затоа, сакам од срце да изразам благодарност до сите што несебично придонесоа за реализација на овој процес:
– На премиерот Христијан Мицкоски за константната поддршк и визијата за развој на локалните заедници;
– На заменик-министерот Ѓоко Велковски кој денес е тука со нас и чија заложба беше клучна во завршните фази;
– На нашите пратеници кои постојано стоеја на страната на интересите на Прилеп;
– На претседателката на Советот на Општина Прилеп и на сите советници кои дадоа безрезервна поддршка;
– На директорите на јавните претпријатија, кои што многу помогнаа;
– На општинската администрација;
– На општествено одговорните компании од Прилеп, кои не останаа рамнодушни;
– И секако, на директорката на градинката, Христина Трпческа, со која заеднички го водевме и менаџиравме целиот овој процес.
Отворањето на „Бајка“ е само дел од пошироката стратегија за развој на детската заштита, образованието и квалитетот на живот во Прилеп. Во периодот што следи, граѓаните ќе видат нова градежна офанзива – нови капитални проекти, нови инвестиции, подобра инфраструктура и поголема грижа за сите генерации.
Од денес, оваа зграда ќе биде исполнета со најубавиот звук – детскиот џагор. Радоста и безгрижната игра на децата ќе бидат најголемата потврда дека вредеше секој вложен ден, секој денар и целиот труд.
Ви благодарам за довербата и поддршката. Продолжуваме заедно– за Прилеп каков што заслужуваме сите.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.