Од денес, Општина Прилеп започнува со градежни активности со цел подобрување на патната инфраструктура во градот.
Во рамките на овие градежни активности ќе се реализира:
✅ Санација на ударните дупки и прокопи,
✅ Рехабилитација на повеќе улици и патишта,
✅ Ќе се изгради потпорен ѕид на улицата ,,Прохор Пчински” во населбата Рид – за зголемена безбедност и заштита на граѓаните.
Продолжуваме со посветена работа за создавање на подобри услови за безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.
Ова е дел од нашата поширока заложба за системско уредување на инфраструктурата во сите делови на градот. Работиме планирано, етапно и со јасна визија – за Прилеп да биде модерен, уреден и безбеден град за сите.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.