Wednesday, May 14, 2025
8.7 C
Skopje

ЈОВЧЕВСКА-МИХАЈЛОВСКА: ВЕРУВАМ ВО КАПАЦИТЕТОТ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ И СУМ УБЕДЕНА ДЕКА МОЌАТ ДА ЈА ПОЛОЖАТ МАТУРАТА БЕЗ ПРБЛЕМ – СО СОПСТВЕНО ЗНАЕЊЕ, ТРУД И ИСКРЕН ПРИСТАП

Државната матура не е новина во образовниот систем на Македонија. Таа се реализира веќе 15 години и претставува значаен елемент во мерењето на знаењето на матурантите. Во текот на годините, матурата минуваше низ различни фази, со периоди на подобри и послаби резултати, истакна директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) и член на Комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Јовчевска-Михајловска во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува  – УЖ“ на тема „Државна матура: Како до објективни резултати?“.

„Државната матура се организира во согласност со Законот за средно образование, Концепцијата за државна матура и Правилникот за организирање на државната матура. ДИЦ, во соработка со сите средни училишта, е подготвен за реализација на испитот кој започнува на 31 мај со првиот дел, додека вториот дел е закажан за 11 јуни“, изјави Јовчевска-Михајловска.

Таа нагласи дека образованието е темел на секое општество и затоа е од особена важност како се мери знаењето на учениците. Една од клучните цели на матурата е обезбедување објективност и еднакви можности за сите ученици, без влијание од надворешни фактори.

„За жал, во изминатите години се појавуваа случаи на препишување, користење мобилни телефони и споделување на прашања преку социјални мрежи. Затоа годинава се преземаат мерки за поголема просторна контрола, со цел спречување на нерегуларности и обезбедување реални резултати“, посочи директорката.

Јовчевска-Михајловска додаде дека целта е објективна, правична и квалитетна матура, при што секој ученик ќе има можност да го покаже она што реално го знае.

„Верувам во капацитетот на нашите ученици и сум убедена дека можат да ја положат матурата без проблем – со сопствено знаење, труд и искрен пристап“, заклучи таа.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ