Wednesday, July 9, 2025
22.8 C
Skopje

ЈОВЕСКИ ИМ РЕЧЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДЕКА НЕ МОЖАТ ДА ВОДАТ ПАРАЛЕЛНА ИСТРАГА ЗА СЛУЧАЈОТ СО КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА

Љубомир Јовески – државниот јавен обвинител денеска им порача на пратениците во Собранието дека не можат да водат паралелна истрага за случајот со Клиниката за онкологија и дека е спротивно на Уставот, законите и на собраниските деловници да изнесува факти и докази од постапувањето на Обвинителството.

Тој упати апел да престане политичката злоупотреба на предметот и да се остават обвинителите да си ја завршат работата, бидејќи вака го загрозуваат истражниот процес и и даваат можност на одбраната во суд да ги оспорува доказите.

„Сè повеќе сум уверен дека не се работи за грешка, туку за излегување од надлежностите на собраниските тела, со цел да се наруши предистражната постапка што ја води Обвинителството. Јавниот обвинител ниту е експерт, ниту може да биде повикан да сведочи за активна кривична постапка. Тоа го забранува Уставот, кој јасно ја дефинира поделбата на законодавна, извршната и на судската власт и ја гарантира самостојноста на јавниот обвинител како надлежен орган за кривичен прогон“ – рече Јовески.

„Во вашиот комисиски деловник, пак, во делот на надлежностите сами сте напишале дека анкетната комисија ќе утврдува дали има политичка одговорност во целиот овој случај. Ниту постапувањето на Јавното обвинителство ниту најголемиот дел од сведоците, кои секојдневно ги повикувате тука, може да биде предмет на политичка одговорност. Кривичната одговорност, можеби ќе ве разочарам, не е во ваша надлежност“ – наведе Јовески.

За документите и доказите за кои вчера јавно зборуваше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, Јовески смета дека треба да бидат доставени во Обвинителството за да не се дозволи да се компромитира постапката.

„Секој чесен граѓанин не треба да ги чува доказите, да не се фали дека ги поседува, туку веднаш да ги предаде на надлежните органи. И ќе си дозволам само да ви кажам – исказот пред вас и солзите на актуелната директорка многу кажуваат за проблемите со кои се соочува клиниката, затоа итно како пратеници заложете се да се обезбеди терапија за сите пациенти со оваа тешка болест“ – рече Јовески.Јовески од пратениците побара да застанат зад независноста на Обвинителството и да му веруваат.

– Ги гледам расправите. Од оваа говорница неколку пратеници излегоа да кажат дека имале блиски пациенти на Онкологија. Се надевам дека не е целта со такви дискусии да се покаже дека некој повеќе е засегнат од ова прашање. Свесни сме и знаеме сите, скоро и да нема семејство, дом, човек во државата кој не поминал или лично или преку некој близок низ траумите на канцер. Мојот единствен брат почина на Клиниката за онкологија пред 4 години. Во моето најблиско опкружување и сега имам пациент на таа клиника. Ова не го кажувам за да докажувам дека и мене ми е важно да се дојде до вистината, туку зашто знам дека и тој личен факт може да се злоупотреби политички и да фрли сомнеж на непристрасноста на постапката. Никогаш не сум влијаел а нема ни сега да им влијаам на јавните обвинители кои постапуваат. Апелирам да престане злоупотребата на предметот Онкологија во политички цели и за тоа барам поддршка од целата јавност. Директно се загрозува постапката и валидноста на доказите на што укажа и претседателот на Основниот суд, паралелна истрага е недозволена – рече Јовески.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА

Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од...

МИЦКОСКИ: ОВА Е НАШИОТ КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ, СВЕТОТ ГО ВИДЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА БУГАРИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција,...

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НОВО ПРЕДАВСТВО И ЌЕ ГИ БРАНАМ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се...

НАПАДНАТА ЕКИПАТА НА ТВ АЛСАТ КАЈ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО

Екипата на ТВ Алсат била нападната во близина на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ