Friday, April 25, 2025
11.8 C
Skopje

ЈОВАН ЈАНЕВ: ЈА НАПУШТАМ ЛЕВИЦА, ОВАА ПАРТИЈА ВРЗ ГРОБОВИТЕ НА НАШИТЕ БЛИСКИ ГРАДИ КАРИЕРА

Драги мои, оваа недела беше најтешка за сите нас, особено за нас од истокот.

Сакав да ги испочитувам деновите на жалост и овие работи да ги коментирам подоцна.

Официјално, сакам со вас да споделам дека ЈА НАПУШТАМ ЛЕВИЦА.

Знаете дека политички веке не сум активен повеќе од пола година, иако има многу интерни причини, ова ги надмина сите граници.

“Мораме да ја искористиме ситуацијата максимално”

“Најтешко е да си УМС” и така натаму…

Драги “левичари”, пред да почнете да правите планови како да ме “бришете од земјата” – како што би рекол еден од поглаварите, сакам да ви кажам дека доаѓам од Штип – истокот.

Имам дома сестра, таа изгуби свој близок, изгуби сакан, секој ден плакаме по него.
Имам другар кој се бори за живот, со кој од деца растевме и имаме милиони спомени.
Имам сокласници и другари од Кочани (Кој од УМС, СДММ, Црвена итд) закопаа роднини и другари.
Иста ни е болката.

А Што разбирате вие?

Нашиот левичарски дух треба да е соживот со народот, наместо тоа вие користете прилики како да добиете публицитет, седејки во вашите удобни столчиња во Скопје и не знам каде друго, немате грам чувство за тоа како НИЕ овде патиме и се чувствуваме. Играте пинг понг со изјави и обвинувања, се имате освен емпатија.
“Максимализирате” СМРТ НА ДЕЦА!?

Немате “гајле”, немате поврзаност со нас ниту сакате да имате. Врз гробовите на нашите блиски градите кариери.. не ви го дозволувам тоа. Многу лесно зборите кога нема некој “ваш” таму.

И знам дека сега вашите “другари” ќе ме наречат “клиентелист”, “опортунист”, “џган”, но цела нација и партија знае кој сум, што сум и што се имам направено. Знаат за притворите кои сум ги лежел, протестите кои сум ги водел и говорите кои сум ги држел – жртвата која ја давав за сите.

Да, се сум што ќе кажете, се сум што ќе посакате НО за разлика од добар дел од вас сум ЧОВЕК.

Во ваша комунистичка мода, знаете како вели Сталин:

“Еден мртов е трагедија, милион се статистика”

Па така, моите браќа и сестри кои загинаа излезе дека за вас се обична статистика која ќе се рекалкулира и ќе се реконвертира во гласови.

После ова, линчувајте ме како сакате, не ме интересира, не ме интересираат ставовите на вашите “колеги” за мене, се грижам како само ближните да си ги смирам.
“Ако чувствуваш болка – жив си, Ако чувствуваш туѓа болка – човек си” штета голем дел од вас веќе не сте луѓе – голем дел од вас станавте пУлитиканти.
Се гледаме во “рингот” кога ќе дојде време.

Во Левица, има толку квалитетни кадри, луѓе кои до смрт ги сакам, морално, сакам да се тргнам од таму. Оваа објава не ги карактеризира сите членови таму.
Народе мој, чувајте се и сакајте се, сега мора да сме силни, а другите.. ќе дојде суден ден – за сите!

Другари, нашата идеологија за која се боревме таму не беше ваква…
Фејсбук статус на Јован Јанев, сега поранешен член на политичката партија Левица.

ОВАА НЕДЕЛА

СЕ УШТЕ СЕ ЧЕКА ДА СЕ РАСКИНАТ КОНЦЕСИИТЕ ЗА МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО МАВРОВО И ШАР ПЛАНИНА

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов...

ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА NETFLIX: ГО СПАСУВАМЕ ХОЛИВУД, КИНАТА СЕ МИНАТО

Тед Сарандос тврди дека стриминг сервисите не ја уништуваат...

МУЦУНСКИ: БУГАРИЈА СЕ УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛА НА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕДБА

угарија се уште не одговорила на барањето на Македонија...

ЗАХАРОВА: УКРАИНСКИТЕ СЛУЖБИ СЕ ВМЕШАНИ СО УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ МОСКАЛИК

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ