ЈОВАН МИТРЕСКИ КАНДИДАТ НА СДСМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО – ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ГИ УТВРДИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА

0
282

Од утврдените кандидати од редовите на СДСМ за составот на техничката влада, повеќето се веќе познатите имиња во актуелната Влада, освен Митко Бојмацалиев, актуелен шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски, кој ЦО го избра за кандидат за дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.

Јован Митрески ќе биде кандидат на СДСМ за претседател на Собранието до завршување на мандатот на парламентарниот состав 2020-2024 година, одлучи денеска Централниот одбор на СДСМ.Членовите на ЦО на денешната седница донесоа одлука за утврдување на кандидати за министри, заменици-министри и дополнителни заменици-министри во техничката влада од редовите на СДСМ.

Од утврдените кандидати, повеќето се веќе познатите имиња во актуелната Влада, освен Митко Бојмацалиев, актуелен шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски, кој ЦО го избра за кандидат за дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.Членовите на ЦО донесоа одлука за утврдување на кандидати за министри, заменици-министри и дополнителни заменици-министри во техничката влада од редовите на СДСМ.

Кандидат за заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, ЦО ја утврди Славица Грковска, за вицепремиери за економски и европски прашања, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ.ЦО на СДСМ ги избра актуелните министри за култура, за животна средна, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт и врски и за одбрана, Бисера Костадиновска Стојчевска, Каја Шукова,
Љупчо Николовски, Благој Бочварски и Славјанка Петровска, да продолжат да раководат со ресорите и во техничката влада.