ЈОВАНОСКИ : УЛИЧНАТА УМЕТНОСТ ВО ЕДНА УРБАНА ЗАЕДНИЦА КАКО ПРИЛЕП Е ОДЛИЧЕН НАЧИН ДА СЕ РЕАКТУЕЛИЗИРААТ И ПРОМОВИРААТ НАШИТЕ ПОЗНАТИ ДЕЈЦИ КАКО ШТО СЕ БЛАЖЕ КОНЕСКИ И СТАЛЕ ПОПОВ

0
238

Уличната уметност е се’ повеќе присутна околу нас, не само заради фактот дека крајниот производ претставува зачудувачка форма на уметнички израз, туку и заради фактот што тоа е патување што се случува на улиците каде создавал уметникот.

Уметничките дела што се појавуваат на ѕидовите низ повеќе градови во светот достигнаа највисок врв на интерес и постигнаа автентичност и обележје на многу градови.

Уличната уметност е одличен начин да се промовира една урбана средина, еден град, како и преку неа да се презентираат и реактуализираат познати и признати дејци од нашата историја.

Проектот опфаќа изработка на два ѕидни мурала на уникатно избрани локации и две кратки документарни видеа за промоција и презентација на делата на Блаже Конески и Стале Попов.

Идејното решение и изведбата на муралите се дело на нашите познати академски ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп,  Илија Јованоски.