ЈОВАНОСКИ : РАБОТИМЕ НА ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ОШТЕТЕНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ПРИЛЕП КАКО И ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ВО ГРАДОТ

0
200
Покрај изградбата, реконструкцијата и рехабилитацијата на патната инфраструктура, работиме и на зголемување на постојниот капацитет на паркинг просторот.

За таа цел, во завршна фаза е уредувањето на паркингот зад просториите на Управата за јавни приходи и пицеријата „Леоне“.

Со асфалтирањето на овој простор, на површина од околу 1.400 м2, на граѓаните ќе им стојат на располагање нови 60 паркинг места во централното градско подрачје.
Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.