Јованоски : Покрај реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, истовремено се работи и на реконструкција на водоводната мрежа во градот Прилеп

0
816

Покрај реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, истовремено се работи и на реконструкција на водоводната мрежа во градот.

После цели 65 години, ЈКП „Водовод и канализација“ врши замена на водоводната линија во должина од 280 метра, на потегот од некогашната Градска кафеана, до раскрсницата пред ЦК „Марко Цепенков“.

Во насока на обезбедување здрава вода за пиење, во исто време се реконструираат водоводните линии во различни делови од градот, меѓу кои и на улиците „Крушевска“ и „Драган Талески“, а се врши зацевување на индустриската зона „Металец“.
Го менуваме ликот на градот, создаваме услови за поквалитетен живот на граѓаните!
#ОпштинаПрилеп
#ГрадимеПоПлан

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.