Јованоски : Пелагонискиот регион заостанува со патна инфраструктура и треба час поскоро да се подобри

0
794

„Целта на денешниот состанок беше да зборуваме за предлозите и идеите кои ги дадоа Регионалните стопански комори од Прилеп и Битола, кои беа упатени и до премиерот, вицепремиерот, до Владата, во насока на преземање на се’ што е потребно за подобрување на инфраструктурата во овод дел од нашата земја.

Познато е дека Пелагонискиот регион заостанува со патната инфраструктура и затоа треба час поскоро да се подобри нејзината состојба“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.