ЈОВАНОСКИ : ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА НОВАТА СПОРТСКА САЛА ВО ООУ ,,КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ” НА SИДАРСКИТЕ РАБОТИ ВО ДЕЛОТ КАДЕ НА СОБЛЕКУВАЛНИТЕ, КАБИНЕТИТЕ И ТОАЛЕТИТЕ

0
303
Се интензивираат работите на новата спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, каде се вршат ѕидарските работи на делот во кој ќе се наоѓаат соблекувалните, кабинетите и тоалетите.

За време на денешниот увид во градежните активности, од изведувачот на работите бев информиран дека следува поставување на панели и керамички плочки, а до крајот на оваа недела ќе бидат изградени шахтите.
Она што после следува, е поврзување на објектот на водоводната и канализационата мрежа, а со поставувањето на челичната конструкција, училишната спортска сала ќе го добие својот лик.

Она што на мое огромно задоволство можам да го кажам, е дека на почетокот на новата учебна 2021/2022 година, 870 ученици од ООУ „Кире Гаврилоски“ часовите по физичко воспитание ќе ги одржуваат во нова и современа спортска сала, опремена со сите потребни спортски реквизити и справи, за непречено изведување на предвидените наставни активности.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.