ЈОВАНОСКИ : ЗАПОЧНУВАМЕ СО ГРАДЕЖНИ ОФАНЗИВИ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП, НА ,,КЕЈ 1 МАЈ”, НА УЛИЦИТЕ ,,ЦЕЛЕ МАВРОСКИ”, ,,ЦАНЕ ИЛИЕСКИ” И ТРАЈКО НИКОЛОСКИ” ,ПОСТАВУВАЊЕ БЕКАТОН ПЛОЧКИ НА ТРОТОАРИ И НИВЕЛИРАЊЕ НА 160 ШАХТИ ВО ГРАДОТ

0
898
Градежните активности за изградба на патната инфраструктура во општина Прилеп, започнуваат со изградбата на „Кеј 1.Мај“. Должината на новата улица изнесува 650 метра, како и кејски ѕид во должина од 170 метра.

Истовремено, започнаа работите и на улица „Целе Мавроски“, а следува изградбата и на „Цане Илиески“ и „Трајко Николоски“.
Ќе бидат реконструирани улици во вкупна површина од 22.000 м2, што опфаќа нивно тампонирање и асфалтирање, како и рехабилитација, односно гребење и асфалтирање на улици со површина од 18.000 м2.

Веќе течат активностите за поставување бекатон плочки на тротоари на површина од 5.500 м2, а ќе се изврши нивелирање на 160 шахти низ улиците во градот.
Со реализација на сите планирани градежни активности за реконструкција на улици и патишта, значително ќе се подобри патната инфраструктура на целата територија на општина Прилеп.
Фејсбук статус на градоналникот на Прилеп, Илија Јованоски.