ЈОВАНОСКИ : ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕ НА ЕДНА ОД ГЛАВНИТЕ И НАЈПРОМЕТНИ СООБРАЌАЈНИЦИ ВО ПРИЛЕП, КЕЈ ,,9 СЕПТЕМВРИ”, КАЈ СТАРАТА АВТОБУСКА ДО МОСТОТ ТАБАНА, НОВ АСФАЛТ ОД 900 МЕТРА И НИВЕЛИРАЊЕ НА ШАХТИ

0
231
Започна асфалтирањето на една од главните и најпрометните сообраќајници во Прилеп, Кеј „9.Септември“, на потегот од мостот кај старата автобуска станица, до мостот „Табана“.

Со поставување на новиот асфалт во должина од 900 метра и површина од 6.000 м2, нивелирање на шахтите и обележување на хоризонталната сигнализација, централното градско подрачје ќе добие современа и безбедна сообраќајница.

Веднаш после нејзиното завршување, продолжува реконструкцијата и на Кеј „1.Мај“, од другата страна на реката, каде ќе биде поставен нов асфалт на површина од околу 4.000 м2, од мостот „Табана“ до ООУ „Кочо Рацин“.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.