ЈОВАНОСКИ : ДЕНЕСКА ПРЕД ПАРАКЛИСОТ СВ.НИКОЛА Е ОСВЕТЕН НОВОПОСТАВЕНИОТ КРСТ ВО ПРИЛЕПСКАТА НАСЕЛБА ЖАБИНО МААЛО

0
143

Во паркот пред параклисот Св.Никола, во прилепската населба Жабино Маало, денеска беше осветен новопоставениот крст.

Вербата и љубовта во Бога, беше поттик за повеќе граѓани да донираат и да помогнат, овој парк во Жабино Маало да биде збогатен со уште еден христијански симбол.
Честитајќи им го денешниот празник Свети Талалеј, со желби за добро здравје, среќа и бериќет, пред присутните граѓани уште еднаш ја нагласив важноста од меѓусебното почитување, хуманоста и солидарноста, како принципи врз кои се темели нашето општество.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.