ЈОВАНОСКИ: ВО ПРИЛЕП СЕ ОДБЕЛЕЖА 20 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТМИНАТА ПРИЛЕПСКИ БРАНИТЕЛИ КАЈ ,,КАРПАЛАК” И ВО ПРИЛЕПСКАТА КАСАРНА,,МИРЧЕ АЦЕВ”

0
257

Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјата во прилепската касарна „Мирче Ацев“, започна одбележувањето на 20 годишнината од загинувањето на десеттемина прилепски бранители кај месноста Карпалак.

Во чест на нашите сограѓани, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, свежо цвеќе положивме и пред спомен плочата во село Лениште.

Воените конфликти не носат ништо добро. Затоа, сите ние имаме должност да работиме на тоа никогаш повеќе да не се повторат трагедиите од 2001 година.

Нека им е вечна слава на хероите.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.