ЈОВАНОСКИ : ВО ГАЛИЧАНИ И КАДИНО СЕЛО СЕ РЕКОНСТРУИРАНИ И АСФАЛТИРАНИ ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ, ИСЧИСТЕН Е ОДВОДНИОТ КАНАЛ И ЦЕЛОСНО АСФАЛТИРАН РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КОЈ ГИ ПОВРЗУВА ДВЕТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ОД 3.5 КИЛОМЕТРИ ДОЛЖИНА

0
222

Дека СДСМ е најдоброто за нашата општина, покажува грижата која како локална, но и како централна власт, подеднакво ја водиме за граѓаните и од урбаните, и од руралните средини.

Покрај инвестициите во патната инфраструктура во урбаните заедници, во изминатите три и пол години не ги заборавивме ниту населените места во општина Прилеп.
Во населеното место Галичани, во досегашниот тек од мојот мандат како градоначалник, реконструирани и асфалтирани беа дел од улиците во ова населено место, исчистен беше одводниот канал, а на задоволство на жителите на Галичани и Кадино Село, целосно беше асфалтиран регионалниот пат кој ги поврзува двете населени места, во должина од 3.5 километри.

На вечерашната средба со жителите на Галичани, ги договоривме приоритетните прашања кои како локална власт ќе ги решаваме за време на летниот период: асфалтирање на улица во должина од 450 метра, нивелирање на банкините со асфалтниот пат, како и оградување и уредување на училишниот двор со спортски реквизити.

#СДСМ#НајдобротоЗаНашатаОпштина