ЈОВАНОСКИ: ВЕЧЕРВА ГО ПОВИКАВ КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ПОРАДИ ЛОКАЛИЗИРАНИ ПОЖАРИ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА ВО ОКОЛИНАТА НА ГРАДОТ КАКО ШТО СЕ ТРИТЕ КРАЦИ, КОН НИКОДИН, РАКЛЕ И ОД ТОПЛИЦА КОН ПРИЛЕП – ГРАДСКО

0
192

Вечерва на моја иницијатива беше свикан состанок на Општинскиот кризен штаб.

На состанокот разговаравме за новонастанатата ситуација со пожарите кои деновиве ја зафатија околината на Прилеп.

Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожарот на потег Канатларци – Подмол, а додека пожарот кој почна на 2-ри август на потегот Топлица – Ракле – Никодин се уште е активен.

Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон запад и третиот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско.

На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро, 30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот се со цел да се укаже помош.

Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување.

Јас како градоначалник на Општина Прилеп сум во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, командирите на ТППЕ и Армијата, како и со директорите на јавните комунални претпријатија.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.