Јовановиќ: Многу е срамно да се слуша Гордан Калајџиев како одвратно одработува за Мицкоски

0
1479

Многу е срамно да се слуша Гордан Калајџиев кого многу сум го почитувал, како умерен и пристоен човек што го разбира контекстот и околностите во земјава и “регионот”, за сега, предизбори, да го слушам како одвратно одработува за Мицкоски, вели Јовановиќ.

„Како тоа го приметувам? Па на прашањето каде се сега “шарените”, Калајџиев вели дека се посрамени. Барале правда, а правда немало. За потоа, самиот да констатира дека претходниот режим бил дупка во правосудството.

Слушајте, многу е важно да се пополнат дупките во аргументациите за “шарените”. Прво, шарените беа контекст, политички феномен што настана во околноси на апсолутна и перманентна власт една цела декада. Шарените се контекст, а не нешто кое можеш на копче да го уклучиш и исклучиш. Шарените беа светлина и производ на еден мрачен и насилнички режим. Шарените беа резонанса, ако сакате, на дивеењето на Груевски цела една декада.

Таа декада беше персонификација на заробена држава и киднапирани институции, а во таков контекст, невозможно е да речете: ајде сега од апсолутна диктатура на Груевски, преку ноќ ќе влеземе со Заев во апсолутна демократија, оти, нели, човекот тоа ни го ветил.

Па точно, ни го вети Заев тоа, ама исто така е точно тоа дека кога еден вирус ќе инсталирате и ќе го негувате десет години низ институциите, не можете наеднаш тоа да го промените.

Да скратам. Не сме глупави, Калајџиев многу гадно одработува, се прави наивен, и нема потреба да се скрива позади “шарените”. Тоа што е намачкан со сите бои, не значи дека не може да види што имавме вчера, а што имаме денес. Не е Калајџиев толку наивен, а не сме ниту ние. Глупава и инфантилна страна одбрал. Можел Калајџиев и подобро и повеќе, само ако сакал да види.

Со Заев, братко, влегуваме во светот, а со Мицкоски влегуваме во дупка. Не можам да прифатам дека Калајџиев не знае што прави. Итекако знае. Само што страната е погрешна. Во овој контекст и во вакви околности, со влез во НАТО и на чекор до ДИРЕКТНИ преговори со Европа, и тоа како страната е погрешна!

Може тие финти Калајџиев да ги продава на тие што им се обраќа, но нам тоа не може. Кои сме тоа ние?! Ние, брате, ние кои знаеме за какви злосторници и воено-хушкачи станува збор. Ние кои не прифаќаме да се стави знак равенство измеѓу Мицкоски и Заев“, потенцираше Јовановиќ.

Ние, брате, кои секојдневно урламе и врескаме: режим повеќе никогаш во оваа земја! Никогаш!“

Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ.