Јовановиќ: За короната ќе се најде лек, ама за оваа патолошка омраза што се шири кон Заев нема вакцина

0
1823

Приметувам еден детаљ, овој пат е голем, а не е мал. Како несомнено ќе навлегуваме во кризата со пандемијата, така ќе се засилува говорот на омраза на социјалните мрежи. Говорот на омраза дури стана дел од мејнстримот. Говорот на омраза станува и социално прифатлив. За тоа се виновни имплицитно луѓето кои се дел од опозиционата јавна сцена во Македонија.

Ако цело време се зборува дека Заев не продал, Заев ветил или Заев е предавник, тоа е сталинистички и нацистички метод на однесување на поединци кои зборуваат на фејсбук, а позади таквото ломотење (кое не е зборување) имаат скриени политички агенди. И тоа, апелирам, е многу опасно. Знаете, за короната ќе се најде лек, ако не оваа година, тогаш следната, сигурно ќе се најде вакцина. Ама за оваа патолошка омраза што се шири кон премиерот Заев нема вакцина.

Тоа министерство, или ресор, што ќе се бори со оваа малигна појава во општеството, јас ќе му честитам. Засега, барем од она што го гледам, такво министерство нема. А ако нема, тоа не значи дека за брзо време не може да го има.

Од друга страна, а тоа ботовите на Мицкоски не го разбираат затоа што така им е наредено: политиката е дебата, политиката е дискусија, политиката е компромис, борба на мислења, борба на аргументи, борба на идеи. Се’ тоа е политика. Се’ друго е говор на омраза, хистерија и лудило, а таквото лудило, уште еднаш апелирам – мора институциите на системот да го сакционираат.

Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ.