Јовановиќ: Да ги доведеме Левица и ВМРО на власт, а потоа да спиеме со шлем и панцир-кошули?

0
129
Не сме за промена од корен на образовниот систем кој треба да биде хуманизиран, деидеологизиран и во кој учениците ќе можат растеретено да мислат и учат низ интердисциплинарни области, ама затоа сме за насилство и реторичко колење на социјалните мрежи. Притоа, најголемите фрустрации на Мицкоски и Апасиев потекнуваат од образовниот систем.

Едниот е професорско, а оттука и размазано дериште, а другиот бил фрустриран и сиромашен студент, па тоа денес е нивната легитимација за влез во поликата? Мицкоски треба да го трпиме во докажувањето кон својот татко дека може да биде подобар од него така што ќе ја води земјата (?), а Апасиев треба да го трпиме за да може наместо на ебените професори од младоста, да ни се заканува нам – заедно со неговите гуланфери – и така да компензира за неговите трауматични студенски денови?

Одете бре да се лечите. Вие сте луди!
Денес и вчера на Петрит Сарачини му се закануваа со смрт и сечење на прсти за јавно искажан став, а пред некоја ден новинарката Јоци ја черечат на 30 фан пејџови… Ама не се само Петрит и Јоци, во прашање се десетици и десетици луѓе кои не се согласуваат со политиката на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Огромен е бројот на граѓани кои не прифаќаат овие две партии да бидат алтернатива на Заев. Затоа што и сами гледаат: излеговме од едно насилство и ниту во лудило не планираме да го замениме со друго насилство кое очигледно ќе биде уште поголемо и покомплицирано од тоа во времето на црни Грујо.

Да го смениме Заев за да ги доведеме Левица и ВМРО на власт, а потоа да спиеме со шлем и панцир-кошули? Не фала. До толку луди и глупави не сме!
Фејсбук статус на Ненад Јованович.