Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

ЈА УДИРАЛ ПО ГЛАВАТА И ТЕЛОТО СО ТУПАНИЦИ, СО НОГА ПО ЛИЦЕТО И ДОДЕКА КРВАРЕЛА ЈА СИЛУВАЛ

Фото : Илустрација

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец.

Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил силување врз жена во автомобил во сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари. На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Извор : Слободен Печат

ОВАА НЕДЕЛА

ПРЕГАЗЕНИ ЖЕНА И ДЕТЕ НА ВЕЛОСИПЕД НА ПЕШАЧКИ НА ПАРТИЗАНСКА

Попладнево се случи нова сообраќајка во Скопје. Според првичните...

ХОРОР ВО ВОЛКОВО : КИРАЏИЈА ГО УБИЛ ГАЗДАТА, ГО ЗАСТРЕЛАЛ НЕГОВИОТ СИН А ПОТОА СЕ САМОУБИЛ

Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ