ЈАЈОСКА : ПАРТИЗАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ И ПРЕКИНАТИ ПРОЕКТИ Е УЧИНОКОТ НА АРСОВСКА ВО ПРВИТЕ МЕСЕЦИ ОД МАНДАТОТ

0
855
Прес конференција на СДСМ, Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје
Конструкциите што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат неработењето на градоначалничката од нивните редови, Данела Арсовска.
Се ближат првите 82 дена од мандатот на Арсовска а таа не сработе ништо во интерес на градот и на скопјани.
Во овие два и пол месеци од мандатот, Арсовска ќе остане запаметена по 109 партиски вработувања во Град Скопје, по партизација на Јавните претпијатија и установи во надлежност на Градот и по прекинатиот проект Бас рапид транзит.
Колку Арсовска знае да менаџира покажува и фактот што Градот додели пет милиони денари или над 80.000 евра на ЈП Градски Паркинг, во време кога на предлог на Арсовска се намалува цената за паркирање.
И Арсовска и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираа проблемите со парното греење и ги оставија скопјани на цедило.
Ваквиот однос на Арсовска покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.
Оваа партија и нејзините градоначалници не работат за интересите на граѓаните и општините, туку единствено за партиски и личните интереси.
Град Скопје, општините и граѓаните не заслужуваат вакви неодговорни и нечесни градоначалници.