Tuesday, November 12, 2024
6.8 C
Skopje

ЈАРЕВСКИ : ПАРИТЕ ЗА ОПШТИНИТЕ И СТОПАНСТВОТО СЕ ЕВРОПСКИ И СЕ ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ЗА НИВНА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ

„Кредитот е од земја членка на ЕУ односно земја која сега и е претседавач со ЕУ. Станува збор за кредит кој се докажа дека е со исклучително поволни услови за Македонија. Половината ќе биде искористен за проекти за локалната самоуправа, другата половина ќе биде кон директна поддршка за стопанството. На наменски сметки на претходно проекти кои сите општини аплицирале“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски  на синоќешното гостување во емисијата „Анализа 24“ на ТВ 24.

Јаревски продолжи и додаде „Сите општини аплицираа на проектот независно од која политичка провиниенција се раководени. Тие проекти откако ќе се разгледаат, се префрлаат парите на наменска сметка и понатаму си имплементира самата општина“.

Пратеникот потенцираше дека нема да има мешање од страна на Владата кон самите општини.

„Парите откако ќе ги добијат самите општини си ја спроведуваат постапката како што е пропишана со закон. Нема да има мешање на страна на извршната власт од Владата кон самите општини меѓутоа сите мерки и инструменти за следење на трошењето на пари си стојат, дециден е Јаревски.

Јаревски укажа дека трошоците за кредитот од Унгарија се драстично помали.

„Факт е дека за овој кредит трошоците се драстично помали. Орбан беше кај нас и сите дилеми се решени со тоа дека Унгарија нема можност кинески пари да дава, бидејќи тие се наменски кои ќе ги трошат во Унгарија, а европските пари со кои располагаат ќе помогнат за Македонија“, вели Јаревски.

ОВАА НЕДЕЛА

РУСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕИЗИЈА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД МЕЛАНИЈА ТРАМП НА КОИ Е ГОЛА

Американците се и згрозени и лути откако руската државна...

ШОКАНТНО : ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА НА ТРОЈЦА МАЖИ ПОКРАЈ РЕКАТА ВАРДАР

Во Скопје вчера беа пронајдени тела на тројца мажи...

НА ПАТ СЕ ПРВИТЕ ПРАТКИ ОД „ТЕМУ“ КОН МАКЕДОНИЈА, ПОЧНУВА „ЛУДИЛОТО“

Од почетокот на месецов популарната кинеска платформа за онлајн...

ПРИ ПРЕТРЕС ВО СКОПЈЕ ПРОНАЈДЕНИ ДРОГА, ОРУЖЈЕ И ПАРИ

Во текот на вчерашниот ден (11.11.2024) полициски службеници од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ