Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

ЈАРЕВСКИ : КОВАЧЕВСКИ ДА КАЖЕ ДАЛИ ЈАКИМОВСКИ ОД НЕГО БАРАЛ ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ ЗА СО ОДЛУКА НА ВЛАДА ДА СЕ БЕТОНИЗИРА КАЈ ,,АЛУМИНА”

Почитувани,

Димитар Ковачевски да не се крие и да каже дали Стевчо Јакимовски од него барал одземање на ингеренциите, за без пречка да може да си го бетонизираат Карпош?

Ковачевски да каже дали со Јакимовски разговарале како да го заобиколат Советот, и спротивно на волјата на карпошани да овозможат градење на висококатниците кај „Алумина“?

Кова ли власта планови за бетонизација на Карпош од која „Пуцко Петрол“ би инкасирал повеќе од 600 милиони евра?

Дали покрај планот за „Алумина“, Јакимовски му презентирал на Ковачевски и други проекти со потенцијална бетонизација од десетици милиони евра?

Почитувани,

Стевчо Јакимовски вчера ја одмолче средбата со Ковачевски. Очигледно коалицијата за бетонизација кај „Алумина“ работи под силна пареа.

Поради бизнис интересот на власта, Карпош ќе се бетонизира и ќе се претвори во тесно грло, сообраќајот ќе се отежни и ќе се наруши квалитетот на живеење во оваа општина.

Ниту на Ковачевски ниту на Јакимовски не им е гајле што од најзелената општина Карпош ја претвораат во бетонска џунгла.

Апелираме и до Ковачевски и до Јакимовски да не си играат со волјата на карпошани и да не се обидуваат да го бетонизираат Карпош.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ