ЈАРЕВСКИ ЗА ЈАКИМОВСКИ : БАРАЊЕТО ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ Е САМО ОЧАЈНИЧКИ ОБИД ОД ОЧАЕН ЧОВЕК, НЕГОВИОТ ПРИОРИТЕТ Е САМО ДУП-ОТ ЗА АЛУМИНА

0
346

На средбата побарал да се одземат ингеренциите се со цел да се протурка ДУП-от за Алумина. ДУП-от кој што трајно би го променил начинот на живеење и егзистирање не само на жителите на Карпош, туку и на цело Скопје. Тоа се очајни чекори на очајни луѓе во очајнички ситуации, вели Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Шеш беш на радио Лидер за барањето на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Јаревски истакна дека Јакимовски кога се кандидирал за градоначалник на општина Карпош пред граѓаните велел дека сака да го поправи она кое што било во минатото, како и дека намерно му го оцрнувале образот дека гради, но како што рече сега единствен приоритет во овој нов мандат му е токму ДУП-овите, потенцирајќи дека и поради тоа пукнала коалицијата меѓу него и ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не поддржале изградба на станбени единици во Млечен.

Актуелниот градоначалник ќе ве потсетам рече дека ние ги сфативме грешките нема да ги повториме и кажа серија на фрази дека нашиот концепт на хумана урбанизација ќе се поддржи и дополнително кажа дека мене неоправдано ми го оцрнија образот претходно и сакам само да имам шанса да направам серија на чекори со кои што дел од тие грешки кои што беа претходно да ги поправам. Но, изгледа како приказната со жабата и скорпијата и видовме што следи понатаму. Приоритет во целиот мандат е само ДУП-овите. Тоа е и единствената причина зошто пукна коалицијата, се сеќавате наназад што беше со ДУП-от за Млечен.

Јаревски изјави дека советниците во Советот на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ немаат проблем да дадат поддршка на програма или проекти кои што се за доброто на карпошани, но не можат да поддржат изградба на 35 катници во Алумина кои што ќе влијаат на животот не само на карпошани, туку и на сите скопјани.

Ние даваме на се друго поддршка и до ден денешен. Ние немаме проблем да поддржиме било каква програма, ние немаме проблем да дадеме поддршка на било кој проекти за карпошани, рече тој.