Friday, June 20, 2025
29.8 C
Skopje

ЈАНЧЕВА: ВМРО-ДПНЕ И ВЛЕН ГО БРАНАТ КРИМИНАЛОТ НА УРБАНАТА МАФИЈА ВО ЧАИР

Прес конференција на СДСМ, Љубица Јанчева – советничка

Почитувани скопјани,

Ако на некого сѐ уште не му беше јасна природата на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН вчерашната седница на Советот на Град Скопје го покажа тоа во целост: тоа е коалиција на бизнис интереси и бранење на криминал.

Советниците на  ВМРО-ДПМНЕ  самите ја свикаа седницата, самите како точка на дневен ред предложија да се дискутира за дивоградбите во Скопје, но, кога сфатија дека на дневен ред ќе дојдат и скандалите во Чаир, панично ја повлекоа точката – бегајќи од вистината што ги демне.

Ваквото однесување е jaсна потврда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се ставени во заштита на урбаната мафија која го загрозува Скопје и безбедноста на неговите граѓани.

Колку пари вреди молкот на советниците пред незаконското градење?

Што крие Мицкоски, и кого штити Панче Тошковски кога молчи за ова?

Скопје е заложник на урбана мафија која ја штити коалицијата на Мицкоски.

Оваа коалиција ги продава јавните ресурси, ги загрозува урбанистичките стандарди и ги става животите на граѓаните во опасност.

Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност?

Бараме итна реакција на сите надлежни институции и целосно расчистување на скандалот со 150 дивоградби.

Одговорност мора да има.

Животите на скопјани се поважни од профитите на коалицијата на власт.

ОВАА НЕДЕЛА

КУЗЕСКА: РЕЈТИНГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПАЃА

Соопштение за јавност - одговор на новинарско прашање Бидејќи и вака...

МИТЕВА: НОВИ СОВРЕМЕНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ

„Почитувани граѓани, Почитувани медиуми, Благодарам за присуството. Денес сакам да информирам за...

МЗШВ ОБЈАВИ ЈВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНССКА ПОДДРШКА ВО РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ