Во вториот сет разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се зборува како државниот врв договора како да се вршат притисоци врз фирмите, со колку пари да ги казнат, колку дуќани да затворат, а на тој начин да добијат повеќе гласови на изборите. Разговорите се меѓу Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и нивни соговорници.
Во еден од разговорите, се објавува како под директива на директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски се затвораат фирми, а на неколку од нив се изречени и казни од 4.800 евра. Во дел од разговорите, од владејачката гарнитура договораат да се одземат лиценци на такси превозниците.