Во претходниот пост напишав за регистрираниот полициски наркозависник, пратеникот Крмов со вечерно школо, но, неколку мои пријатели ми пишуваат дека има луѓе без диплома кои може погрешно да го разберат постот. Да дообјаснам, поената на постот кој може да го видите подле, не е во дипломите и се сложувам дека дипломата не е најбитна.
Патем, токму јас имам многу имам пишувано дека спасот за Македонија е во чесни политичари со патриотска и национална определба, со знаење, способност и достигнување, без ниту една криминална афера во својата кариера и кои не се продаваат за пари и функции. ЈАС СУМ ГОРД НА ТОА.
Значи, не е се во дипломите. А поената за неписмениот наркозависник кој по задача си игра држава беше сосема друга, во еден мал сегмент да се разоткријат шарените во смисла кој, како, кога и зошто ги инсталира и кои засега сѐ уште добро го возат народот по напишаното во пропагандната скрипта на „ѕверот“ која ќе има можност и народот да ја види.
Фејсбук статус на Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија.