Единствена Македонија денес, среда, 18 август до Уставниот суд поднесе Иницијатива за поведување на постапка за испитување на постоење на околности кај Стево Пендаровски кои може да влијаат на неговата спреченост да ја врши функцијата.
Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во изјава за јавноста рече:
Почитувани,
-„Денес до Уставниот суд поднесовме Иницијатива за поведување на постапка за испитување на постоење на околности кај Стево Пендаровски кои може да влијаат на неговата спреченост да ја врши функцијата.
Стево Пендаровски на 13 август 2021 изјави дека акцијата во Арачиново во јуни 2001 година била неуспешна и некомпетентна од страна на македонските воено-полициски сили иако од другата страна имаше виртуелен противник од стотина терористи кои можеа да бидат решени во секое време доколку однапред не беше договорено НАТО да влезе во Арачиново и да ги извлече терористите.
Со ваквата изјава Пендаровски на отворена сцена ја понижува македонската армија дека била неспособна да освои едно мало село каде беа стационирани стотина терористи. Секоја нормален претседател во светот не би помислил, а камоли на отворена сцена да ја понижува својата армија. Во историјата на војувањето, во општата историја на светот, не е познат пример врховен командант на армија да ја прогласува победничката сопствена армија за неспособна и губитничка. Значи, Пендаровски не може да распознава што значи интерес на државата и ја понижува сопствената армија чиј врховен командант е, што значи кршење на Уставот.
Ваквото однесување на Пендаровски побудува сериозно сомнение дека постојат случаи кои влијаат врз душевната состојба и слабоумноста во контекст на неможноста да ги сфати интересот на државата и армијата.
Во прилог на сомнителното душевно однесување на Пендаровски да истакнеме најмалку уште четири случаи: прво, на 21 јуни 2019 изјави дека македонскиот национален херој, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно движење Гоце Делчев бил Бугарин, па, после два дена се демантираше и си полемизираше самиот со себе, второ, на 17 март 2020 рече дека Македонија нема ресурси и способност да издржи кризна состојба на целата територија, нешто што влегува и во доменот на државна тајна, трето, годинава, на 118 години од Илинденското востание ја смени повеќедецениската традиција на чествување на најголемиот национален празник Илинден поради чудната психолошка состојба на внатрешен страв кај Пендаровски од соочување со народот, заради што му го одзеде правото на народот за чествувањето на жртвите на Илинден, четврто, за прашањето околу името на државата има најмалку десетина изјави кои потоа самиот неконтролирано и чудно ги погази.
За Единствена Македонија како национална и патриотска партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните интереси не може да стои настрана од ваквото однесување на Пендаровски и доколку продолжат ваквите изјави сериозно ќе влијаат на домашен и меѓународне план.
Затоа, се поставува прашањето за постоење на околности поради кои претседателот Пендаровски не може да го сфати значењето на дејствијата кои ги презема како врховен командант што може да влијаат на спреченоста да ја врши функцијата.
На крај да спомнам дека Иницијативата се заснова на член 60 став 1 од Деловникот за работа на Уставниот суд, кој, во смисла на став 2 од истиот член е во обврска да ги испита наводите и фактите во Иницијативата на НДМ врз основа на акти, наоди, експертни и стручни мислења на медицински или други установи или органи, а во врска со член 82 став 2 од Уставот на Република Македонија“.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 18 август 2021 година