Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

ЈАНКО БАЧЕВ И ЕДИНСТВЕНА МАЌЕДОЊА БАРААТ ОД ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДА ГИ БРИФИРА ЗА ТОА СО КОГО ЌЕ СЕ СРЕЌАВА И ШТО ЌЕ ЗБОРАТ НА СРЕДБИТЕ СО ДИЈАСПОРАТА

Зоран Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже на очиглед на целокупната македонска јавност. Заев вчера беше жив фатен во нова лага која само потврдува дека пучистичката власт постојано се обидува да ја замајува јавноста откако стана јасно дека Македонците во земјата и во светот се определија за неизлегување и бојкот на референдумот на 30 септември.

Вчера владата информираше за наводна средба на Заев со наводни македонски организации од Швајцарија, Луксембург, Германија, Италија, Словенија, Хрватска, САД, и нивна наводна подршка за референдумот.

Во интерес на вистината, го повикуваме Заев да ги каже со точен назив, кој македонски организации биле кај него на средба во владата за наводна подршка на референдумот!?

Одговорот на ефтината лага на Заев е однапред познат. Немаше ниту една македонска организација на средба кај него, бидејќи организациите на Македонците во странство на 5 август заедно со 28 организации го потпишаа Ммеорандумот за стратешка соработка со што Македонците во земјата и светот, единствени и сплотени, јасно ја изразија својата намера за неизлегување и бојкот на референдумот на 30 септември како единствен можен начин да се спречи обидот на пучистиката власт во Скопје и нивните странски ментори да ги избришат Македонците од светската мапа на нации со промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МИЦКОСКИ: СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА, ЗДРАВСТВОТО И ТРАНСПОРТОТ ОД 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани сограѓани, Ваша екселенцијо, Почитувани колеги од Владата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ