Monday, November 4, 2024
9.8 C
Skopje

ЈАНКО БАЧЕВ ЗАПНАЛ ДА ПРАВИ ГРАЃАНСКА ВОЈНА, НИКАКО НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ТАА ЦЕЛ: ДА СМЕ ЈА ПОНИШТЕЛЕ ОДЛУКАТА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА КОСОВО?!?!

Единствена Македонија, денес, понеделник 23 април 2018 во Владата поднесе Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Одлуката за признавање на Косово што ја донесе македонската влада на 9 октомври 2008.

Во изјава за медиумите претседателот на Единствена Македонија, д-р Јанко Бачев рече:

„Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 9 октомври 2008 година донесе Резолуција за односите на Република Македонија со Косово („Службен весник на Република Македонија“ број 128/2008) со која и препорачува на Владата на Република Македонија да ги преземе сите неопходни активности за воспоставување на целосни дипломатски односи со Косово и признавање на Косово.

Истиот ден, 9 октомври 2008 година, Владата на Република Македонија донесе Одлука за признавање на Косово.

Причините за донесувањето на собраниската резолуција и одлуката на владата се сведуваат на тоа дека се следат државните и националните интереси на Република Македонија, продолжува унапредувањето на соработката со Косово во сите области од взаемен интерес, подржување на планот на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН, како рамка на мултиетничко и демократско Косово, кое ќе се потпира врз принципите на демократија, владеењето на правото, гарантирање на граѓанските права и на правата на малцинските заедници како и нивно учество и ефективна партиципација во институциите на Косово.

Меѓутоа, Косово не знае да го цени и почитува овој чекор од Република Македонија.

Пред три дена, на 20 април 2018, косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, во рамките на официјалната посета на Бугарија рече дека Македонците што живеат во областа Гора на Косово се бугарско малцинство и дека во разговорите со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева било допрено прашањето на Бугарите во Косово.

На тој начин, од компетентно и релевантно место дојде официјална потврда дека Косово ќе ја менува вистината и историјата на Македонците на Косово со спроведување на геноцидна и асимилаторска политика спрема Македонците спротивно на општото меѓународно право и правото на ООН.

Виртуелната држава Косово покажа непочитување на чувствата на Македонците на Косово, кои, биле, се, и ќе останат чистокрвни Македонци и кои својата нераскинлива врска со матичната македонска држава ја изразуваат и со поседувањето на македонско државјанство.

Со чинот на непризнавањето на Македонците, Косово се движи со голем чекор во минатото и покажува дека местото што го бара за себе во меѓународните односи не одговара на неговите цивилизациски вредности.

Владата на Република Македонија со натамошното опстојување на одлуката за признавање на Косово постапува спротивно на националните и државните интереси на Република Македонија.

Затоа, Единствена Македонија бара Владата на Република Македонија да ја повлече Одлуката за признавање на Косово, со што ќе ја изрази својата намера дека го следи државниот и национален интерес на македонскиот народ и македонската држава.

Во спротивно, првиот чекор на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде повлекување на одлуката за признавање на Косово

                                                                                                                                         Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

ОВАА НЕДЕЛА

КАМАЛА ХАРИС ВЕЌЕ ГЛАСАЛА, НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ПОРАЧА : ВАШИОТ ГЛАС Е ВАША МОЌ!

Потпретседателката на САД и  кандидатка на демократите за иден...

УТВРДЕНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ТЕТОВО, ОХРИД И СТРУГА, ЗАТВОРЕН Е СТРУШКИОТ МЕДИЦИНСКИ СМЕР

Инспекцискиот надзор утврдил нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ