ЈАНКО БАЧЕВ : ЗАЕВ ГО ИЗЛАЖА ШАРЛ МИШЕЛ ДЕКА СИТЕ СЕ ЗА ЕУ И НАТО, ЕВЕ ЈАС И СОЛЗА НА ПРИМЕР СМЕ ЗА ПУТИН И КРЕМЉ!

0
205

Единствена Македонија го осудува дрското и безобзирно лажење на Зоран Заев, кој на денешната средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека цел на сите граѓани на Република Северна Македонија е заокружување на интеграциите во НАТО и ЕУ.

Го потсетуваме Зоран Заев дека на последната анкета дури 21,8 отсто или една четвртина токму од македонските граѓани се изјаснија дека алтернативата на Македонија ја гледаат во Евроазиската економска унија.

Зоран Заев ќе биде поразен на следните избори. Зоран Заев наместо да шири лаги нека се спрема за побезболно поднесување на шокот што ќе го добие по изборите и поништувањето на неговите антимакедонски договори со кои се брише се што е македонско.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја почитува волјата на народот од референдумот на 30 септември 2018 дека не сака во ЕУ и НАТО и промена на името и ќе ја придружи Македонија во сојузи и меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.