ЈАНКО БАЧЕВ ЕПТЕН ГО ЗАБОЛЕ ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ПА ОД ШТО ГО ЗАБОЛЕ ДУРИ ПОЧНА И СО МАЈКИ И ШАЈКИ ПО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ И ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НА СРЕД ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ КАЈ СПОМЕНИКОТ ВО СКОПЈЕ

0
365

Потпретседателот Филипче од Крива Паланка: Создаваме стабилна и сигурна иднина за нашата земја, иднина во која тука ги гледаме нашите деца

 

Во пријатна и позитивна атмосфера, пред кривопаланчани и кривопаланчанки потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче ги пренесе впечатоците за успешното менаџирање на кризата од коронавирусот, актуелната состојба со процесот на вакцинација, зборуваше за реализацијата на проектите, спроведените мерки и политиките кои се во интерес на граѓаните и државата.
‘Сакам да се заблагодарам на здравствените работници од овој регион, за нивната посветеност и беспрекорна организираност. Покажаа огромна професионалност и саможртва да се  соочиме со криза за која немавме никакво претходно искуство. Тоа е доказ за надградувањето и функционирањето на здравствениот систем како и за пожртвуваноста на медицинските работници.’ – посочи Филипче.
Потпретседателот Филипче ги посочи и останатите проекти кои како резултат на успешната соработка помеѓу централната и локалната власт се реализираат во овој регион.
‘Од комплетно заборавен регион, истокот е сега огромно градилиште. Невозможно е да не се забележи инфраструктурниот прогрес во овој регион. Градиме патишта и вложуваме во капитални проекти наместо во барок и стиропор. Околу 700 милиони евра се вложуваат само во инфраструктурен развој на североистокот. Целосно се насочивме кон подобрување на животниот стандард и намалување на трошоците за граѓаните. Ги зголемивме минималната и просечната плата, направивме пресврт во начинот на кој се грижиме за социјално-ранливите. Ја зголемивме социјалната помош за цели 300 проценти и воведовме мерки со кои ставаме крај на детската сиромаштија. Од економија во минус, денес, дури и по кризата од коронавирусот имаме развојна и стабилна економија.’ – рече потпретседателот Филипче.
Во дискусија со граѓаните потпретседателот Филипче посочи дека само заеднички, преку нивните коментари и сугестии можеме да ги унапредиме нашите политики и да дојдеме до вистински решенија. Преку директна комуникација на терен СДСМ ја креира и нуди најдобрата понуда. СДСМ е партија која работи партнерски со граѓаните и за граѓаните. Ја јакнеме државата и создаваме сигурна и стабилна иднина за сите.