Wednesday, July 9, 2025
20.8 C
Skopje

ЈАНКО БАЧЕВ СО СТРАХОТНО СООПШТЕНИЕ ДО ВЛАДАТА : ЗАЕВ И ВЛАДАТА СЕ НЕРВОЗНИ ОД ЕДИНСТВЕНА МАЌЕДОЊА, ЗАТОА НЕ НИ ДАВААТ ДА ЦИЦАМЕ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ

Предмет: Соопштение – Единствена Македонија: Владата прави кривично дело со буџетското финансирање само на референдумската кампања на власта

Единствена Македонија и македонскиот народ се шокирани од информацијата дека Собранието и Владата ќе водат референдумска кампања со буџетски средства,  а тоа како што изјавија од владата било во согласност со принципите на јавен интерес.

Ова е целосна невистина, бидејќи јавен интерес според Уставот е дека Македонија може да членува во меѓународни организации, но, во Уставот не е запишано дека тоа мора да бидат НАТО или ЕУ туку било која од повеќето меѓународни организации кои постојат во светот.

Општо познато е дека во моментот имаме два формално-правно субјекти – Владата и Собранието со агитирање „ЗА„ на референдумот и Кризниот штаб со 28 организации со кампања за бојкот на референдумот.

Оттука, јавен интерес може да биде единствено, или јавната кампања и на двете страни да се финансира од буџетот, или и на двете страни да не им се дозволат буџетски средства.

Единствена Македонија ја разбира нервозата кај марионетската власт од фактот што народот масовно нема да излезе и ќе го бојкотира референдумот, но, ова не им дава за право на Собранието и Владата да го третираат буџетот како нивна приватна сопственост.

За флагрантото кршење на Уставот со едностраното буџетско финасирање на референдумската кампањата само на Собранието и Владата, одговорност мора да има.

 

                                                                                                                                      Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

ОВАА НЕДЕЛА

ТРГОВСКАТА ТИШИНА ПРЕД БУРА: ЕУ И САД НА РАБ НА ЦАРИНСКА ЕСКАЛАЦИЈА

Зоран Русмир, дописник на „Слободен печат“ од Виена, Австрија Европската...

ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИСФРЛИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ТОНИ ВОДА ВО РЕОНОТ НА ДОЈРАН

Денеска во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан...

СПОРЕД ЦУК АКТИВНИ СЕ 11 ПОЖАРИ ОД КОИ ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до...

НИКОЛОСКИ: ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ОНА ШТО ГО ВЕТИВМЕ, ОЧЕКУВАМЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам на присуството, Денеска...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ