Јани Макрадули: Сега прав дпмнеовец, ја враќа платата потпишана од Оливер и Фросина

0
535

Откако владата на премиерот за избори ги поништи одлуките на Оливер, Тодор Петров пак ќе го тепаат?

Ја поништија и пријавата против луѓето кои го нападнаа?

А, му го вратија тефтерот на Горан да продолжи да ги следи обвинителките од СЈО?

Пак да не ја составуваат машината на Пепиќ?

Не прочитав, а нема да ме изненади, да не ги прогласија за неважечки прес конференциите на Николовски за откриениот криминал во Министерството за земјоделие и начинот на финансирање на медиумите?

Да не донесе Димитриев одлука да ја затвори градинката што ја отвори Ременски?

Или Ставрески конечно пак сам викендов тргна во хиперпродукција на задолжувања за нови чоколади за “лудаци”?

Да не донесоа и одлука за итна набавка на компјутери по методот на Иво?

Сега прав дпмнеовец, ја враќа платата потпишана од Оливер и Фросина. А бе Прибе за кого се мачеше…

Јани Макрадули
фејсбук статус