Јане Велковски, момчето со спинална мускулна атрофија(СМА), кое се избори лекот Спираза да стигне до седум деца во Македонија, денес говореше на годишниот Светски ден на детето, во ОН во Њујорк.
На овогодинешниот Светски ден на детето во ОН беше и амбасадорот на УНИЦЕФ и фудбалска легенда на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам каде Јане успеа да размени некој збор со еден од неговите фудбалски идоли.