Thursday, May 22, 2025
11.8 C
Skopje

ЈАНЕВСКА : ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГО РЕСТАРТИРАМЕ ОБРАЗОВАНИЕТО, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ И ПОСТОЈАНО ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ

Ќе се обидеме да го рестратираме образованието за да биде добро, бидејќи состојбата во оваа област е многу лоша и ќе треба многу работа и многу време, но мораме да почнеме со работа, рече Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Јаневска посочи дека се направени многу грешки во изминатиот период во образовниот процес на сите нивоа.
„Направени се многу грешки и метафорично кажано може да ни се случи некои книги да ги лепиме. Значи не во буквално смисла да лепиме, туку да средуваме“, вели Јаневска.

Јанеска посочи дека стратегијата во наредниот период министерството ќе ја прави со сите чинители.
„Стратегијата ќе ја правиме со сите чинители во образование од вработени до родители. Мора сите да ги консултираме, мора сите да се вклучени во секоја смисла и запознаени со тоа што се прави, а секако ќе ги слушаме нивните потреби“, кажа Јаневска.

Јаневска укажа дека идејата е да имаме контиунирано подобрување на квалитетот на образованието, а не драстични промени.
„Не смее да има такви промени, толку да пропаѓа образованието и квалитетот. Но, тоа е факт и го гледаме од тестирањата и домашни и странски. Тоа мора да се смени, мора да има континуитет“, вели Јаневска.

Според неа ќе се почне со решавање на проблемите по ред.
„Многу е лоша состојбата, но можеме скоро да добиеме резултати од обуки на наставници, потоа воспитување на ученици, како и создавање свест колку е важно образованието. Тоа се работи од кои може брзо да има резултати“, кажа Јаневска.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ИРМ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕВН КОЈ И КАКО ЈА ПРЕСМЕТУВА СТРУЈАТА

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци...

БОЖИНОВСКА: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА НОСИ ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ДРЖАВАТА

Законот за енергетика што минатата недела го усвои македонското...

ШОКАНТНО – УЧЕНИК НАПАДНАТ СО НОЖ ВО ДВОР ВО УЧИЛИШТЕ ВО БИТ-ПАЗАР

Фото : Илистрација Соученици нападнале дете во двор во училиште...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ