Monday, December 2, 2024
0.8 C
Skopje

ЈАНЕВСКА : СО НОВ ЗАКОН ЗА СТУДЕНТСКИ СТАНДАРД ЌЕ СЕ УНАПРЕДАТ СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ДОМОВИТЕ

Следната година ќе работиме на ново законско решение кое ќе го унапреди студентскиот стандард, односно ќе овозможи подобро функционирање на студентските домови и повеќе можности за идните академски граѓани, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната расправа во Собранието по повод извештајот од извршена ревизија на Државниот завод за ревизија на тема:

Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови и развој на студентскиот стандард. „Големите проблеми, настануваат со игнорирање на малите. Токму тоа го правеше претходната Влада и затоа сме доведени во состојба во која студентските домови се жаргонски кажано – пред стечај.

Ќе се обидеме да ги надминеме сите предизвици, да ги поддржиме нашите млади колку што е можно повеќе, да се едуцираат тука и да останат во својата земја“, рече Јаневска, додавајќи дека ревизорскиот извештај ќе биде патоказ по кој ќе се води министерството во следниот приод. Министерката посочи повеќе причини за изработка на нов Закон за студентски стандард. „Според сегашниот закон, МОН финансира 50% од цената за сместување во домовите.

Таа цена е 6820 денари, така што студентот плаќа 3410 денари, кои не се доволни за да можат домовите да бидат самоодржливи. Но, доколку одлучиме да ја зголемиме цената на 14.680 денари, како што предлага ревизорот во овој извештај, тоа ќе биде шок и за студентите и за државата, бидејќи одеднаш ќе треба да плаќаат 100% повисока цена.

Покачувањето морало да биде етапно, но ниту еден министер не се охрабрил, плашејќи се да не предизвика студентски револт и губење политички поени“, рече Јаневска. Таа рече дека законот дозволува, а воедно и често министерството одговара на барања на домовите и покрива голем дел од режиските трошоци кои ги пријавуваат како непредвидени, но тоа е проблем, бидејќи министерството непланирано троши дел од својот ограничен буџет.

„Планот е во ново законско решение да се дефинира модел на финансирање на домовите, со кој ќе се обезбеди континуирана финансиска поддршка согласно реалните потреби на домовите, а при тоа истото нема да предизвика финансиски товар на студентите“, додаде Јаневска. Како причина поради која неопходно е менување на Законот за студентскиот стандард, беше наведен и начинот на кој е уредено доделувањето на стипендиите.

Сегашното решениедефинира процентуална распределба на стипендии по области, при што некои категории не се искористуваат целосно, а средствата пропаѓаат. За да не се случува ова во иднина, потребно е начинот на распределба на стипендиите да се уреди со подзаконски акт, кој ќе може да се менува согласно потребите за стимулирање на упис на одредени студиски програми.

За време на дискусијата, министерката Јаневска се осврна и на Законот за субвенциониран студентски оброк, кој, според ревизорскиот извештај не дава гаранција дека средствата што им се доделуваат на студентите се користат исклучиво за прехрана. „Субвенционираниот студентски оброк годишно го чини министерството 800 милиони денари. Со овие пари МОН може многу да направи за студентскиот стандард, но сепак, немаме намера да го укинеме законот. Ќе се обидеме и тој да го доуредиме“, кажа министерката.

Министерството за образование и наука веќе има постапено по дел од забелешките на државниот ревизор. Целосно е дигитализирана постапката за аплицирање за стипендии, за оброк и сместување во студентски домови, воспоставени се регистри на државни стипендисти во странство и на студентски домови, а започната е и етапна реконструкција на домовите.

Министерство за образование и наука

ОВАА НЕДЕЛА

СУДИР НА ИНТЕРЕСИ – ЕКС ДИРЕКТОР НА ЈЗУ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА, ПЛАТИЛ ГЛОБА, ПА ГО РАЗРЕШИЛЕ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната...

ВАНДАЛИЗМОТ НЕМА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

Почитувањето на националните симболи е од суштинско значење за...

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 83-ГОДИШЕН СТРУЖАНЕЦ, КОЈ СО ПУШКА ГО УБИЛ КУЧЕТО НА СВОЈОТ СОСЕД

Фото : Илустрација ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)...

МУЦУНСКИ : НОВАТА ВЛАДА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање...

ЈАНЕВСКА : УЧК И НЕЈЗИНИТЕ СИМБОЛИ ЗА ОВАА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ