Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ЈАНЕВСКА : СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕ САНКЦИОНИРА СЕГРЕГАЦИЈА И СЕКАКОВ ВИД ДИСКРИМИНАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ

Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација во образованието, рече министерката Весна Јаневска во неделното интервју за радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето поврзано со измена на одредбата за антидискриминација во измените и дополнувањата на Законот за основно образование.

„Не знам зошто би требало да го оптоваруваме законот и да ги набројуваме сите видови дискриминации кои постојат. Зборот „и друго“ на крајот на реченицата ги опфаќа сите можни, постоечки видови на дискриминација“, напомена Јаневска. Со измените на законот се решава и долгогодишниот проблем со образованието на децата и возрасните во воспитно поправните-установи, и се овозможува да имаат редовна настава за стекнување основно образование. Исто така, се надминува физичкото одделување на учениците Роми при запишување во училиште.

Измените предвидуваат и зголемување на средствата што ќе ги добиваат училиштата за реализација на активности за унапредување на мултикултурализмот/интеркултурализмот и меѓуетничката интеграција, од досегашните 30.000 денари на две просечни нето плати исплатени по работник во претходната година.

Министерство за образование и наука

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ