Friday, June 13, 2025
15.8 C
Skopje

ЈАНЕВСКА: СЕКОЈ УЧЕНИК УШТЕ ОД ОСНОВНО ТРЕБА ДА РАСТЕ ВО ОПШТЕСТВО НА ЗАЕМНА ПОЧИТ И СОРАБОТКА

Во рамки на активностите поврзани со унапредување на образованието и општествената одговорност, претседателка на Општинскиот комитет на Петровец и директорка на ООУ „Кочо Рацин“ – Петровец, Виолета Јаневска, во вчерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува – УЖ“ говореше за значењето на образованието како клучен инструмент во развојот на свеста за еднаквост помеѓу мажите и жените. Жените, вели таа, се подеднакво важни и можат да вршат одговорни и раководни функции.

Таа подвлече дека е неопходно свеста за еднаквост да се гради од најрана возраст, преку наставни содржини, воспитни активности и примерот кој го дава наставниот кадар. Според неа учебниците мора да ги одразуваат реалните вредности на рамноправност, со цел идните генерации да растат во општество на заемна почит и соработка.

Јаневска се осврна на 80-годишниот јубилеј на училиштето ООУ „Кочо Рацин“ и истакна дека се гордее со бројните успеси на учениците и наставниците, со силен акцент на традицијата, знаењето и заедништвото. Таа посочи дека прославата била вистинска потврда за 80-годишна традиција, вредности и успех во образованието.

„Нашето училиште одбележува 80 години постоење каде што бележи бројни успеси од страна на учениците, многу награди, признанија. Како за наставниот кадар секако и за учениците каде што се постигнати многу значајни успеси“, истакна Јаневска.

На крајот Јаневска објасни какво општество сакаме да видиме во поглед на еднаквоста помеѓу мажите и жените. Таа нагласи дека визијата за иднината е општество во кое жените и мажите се рамноправни во одговорноста и во можностите со цел градење стабилна иднина.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

АЛБАНИЈА ЗАМИНА СО ЕКСПРЕСНИОТ ВОЗ ВО ЕУ, ГИ ОТВОРА СИТЕ ПОГЛАВЈА ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ВО ЈУНИ

Зборувајќи на конференцијата на Центарот за европски студии, Марта...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ