Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

ЈАНЕВСКА : НОВА ГРУПА ПРИЈАТЕЛИ ОД САД ЌЕ ВОЛОНТИРА ВО НАШИТЕ УЧИЛИШТА, МИРОВНИОТ КОРПУС РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ АКТИВНО ПРИДОНЕСУВА ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Соработката и партнерствата кои поврзуваат луѓе од различни земји и култури,  поттикнуваат меѓусебно разбирање, справување со различни предизвици и овозможуваат заедничкиот просперитет. Ангажманот на волонтерите на Мировниот корпус е пример за моќта на таква соработка. Тие речиси три децении овде го вложуваат своето искуство во градењето генерации ученици со поголеми знаења и вештини, за што сме многу благодарни. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на церемонијата на која новите волонтери на Мировниот корпус дадоа свечена заклетва.

„Денес ги поздравуваме и им посакуваме добредојде на 36 наши нови пријатели, од кои дел почнуваат со волонтирање во 17 училишта, распоредени во различни локални заедници од нашата убава држава. Верувам дека и тие ќе ја засакаат и ќе го вложат целото свое знаење и умеење за да им помогнат на учениците да го совладаат англискиот јазик. Исто така верувам, дека нелагодноста што ги оставиле своите семејства, пријателите и удобноста на домот, во престојните две години, од ден на ден, ќе ја заменуваат со радост од запознавањето нова култура, обичаи, нов крајолик и секако нови луѓе, кои за нас се нашето најголемо богатство“, рече министерката. Ова е 27-ма група волонтери на американскиот Мировен корпус, што дојде во септември а изминатите 11 недели мина низ обука која вклучува учење македонски или албански јазик, стекнување знаења за културата и обичаите во земјава како и запознавање со Програмата за англиски јазик и инклузија, на која ќе работат во основните и во средните училишта.

„Не се сомневам дека новите волонтери, одбрани со одлични препораки и со обуката што ја минаа овде, ќе бидат значајна помош на заедниците каде ќе работат, исто како и сите нивни претходници. Нивната соработка со професорите по англиски јазик во училиштата, ќе ги зајакне јазичните вештини на учениците и ќе ја поттикне нивната љубопитност. Преку игри, приказни, практични активности и други креативни методи за учење странски јазик, дури и во училиштата посиромашни со нагледни средства, ќе им бидат од голема помош на учениците“, посочи Јаневска. Министерката се заблагодари на амбасадорката Агелер и на САД за долгогодишниот ангажман на волонтерите како и за безрезервната поддршка,  партнерството и континуираното вложување во трајното пријателство меѓу двете држави и нивните народи. Волонтерите ќе работат во училиштата во Делчево, с.Облешево, с.Конче, Тетово, Берово, Кочани, Неготино, Крива Паланка, Демир Капија, Куманово, Велес, с.Букович, с.Долно Палчиште, Битола, Свети Николе, Прилеп и с.Глоѓи. Ќе живеат во семејства-домаќини.

 Министерство за образование и наука

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ