Saturday, March 15, 2025
25.8 C
Skopje

ЈАНЕВСКА: НАСТАВНИКОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ДА СЕ КОРИСТАТ ТЕЛЕФОНИ НА ЧАСОТ, ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА ЈА НОСАТ ОПШТИНИТЕ

Министеркат за образование и наука, Весна Јаневска смета дека учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, но на прашањето дали треба да се забранат таа вели дека одлуката ќе ја носат општините. Министерката објасни дека училиштата се под ингеренции на општините и тие заедно со директорите на училиштата заеднички ја носат таа одлука.

„Во овој момент ќе видиме дали одземањето на мобилните телефони дава резултати, ќе се направи анализа. Но, секако, во ова денешно време може да има и потреба од употреба на такви уреди и при наставата. Па, оттука, наставникот, кој е носител на образовната дејност, ќе одлучи дали децата во тој момент ќе ги користат или нема да ги користат“, рече Јаневска.
Советите на општините Аеродром и Центар донесоа препораки да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес. Препораките се прифатени од училишните одбори и мобилните телефони од неодамна се забранети за учениците од училиштата во овие општини.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ