Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски денеска го посетија основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, каде се гради нова спортска сала.
Станува збор за инвестиција на општината во вредност од 26 милиони денари, која во моментов е половина реализирана, односно изградена е карабината со површина од 543 квадратни метри, а активностите се интензивираат со цел младите од ова населено место што поскоро да добијат современ објект за физичко образование, спорт и рекреација.
„Тоа што претходната Влада и градоначалник на Гази Баба не успеале да го реализираат, ниту пак увиделе потреба тука да инвестираат, иако младите генерации за жал, немале објект каде можат да ги реализираат часовите по физичко, да спортуваат и да се рекреираат, го решава актуелниот градоначалникот и локалната самоуправа. Им честитам на општината и на граѓаните и им посакувам уште повеќе и уште поголеми инвестиции во иднина“, рече Јаневска. Градоначалникот Стефковски посочи дека општината сериозно се посветува на младите, континуирано вложувајќи во подобри услови за настава. Како што информираше, спортската сала во училиштето во Булачани ќе биде целосно готова до крајот на годината, а во иднина се планираат и низа други инвестиции со кои секој ученик ќе има еднакви и квалитетни услови за образование.
Министерство за образование и наука