Saturday, May 24, 2025
13.8 C
Skopje

ЈАНЕВСКА: ВО СОРАБОТКА СО ШВАЈЦАРСКАТА ХЕЛВЕТАС И ШВЕДСКИ ВОЛВО, РАЗВИВАМЕ НОВА ОБРАЗОВНА КВАЛИФИКАЦИЈА – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МЕХАТРОНИКА НА КАМИОНИ И ТЕШКИ ВОЗИЛА

Министерството за образование и наука и Швајцарската развојна организација Хелветас преку регионалната програма RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) ќе соработуваат во развојот на нова образовната квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила, на почетокот како дел од образованието за возрасни, а понатаму како дел од формално стручно образование. Поддршка на целиот процес обезбедува шведската компанија Волво.

Со денешното потпишување на меморандум за соработка помеѓу министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, и менаџерот на програмата, Пауло Родригез, се воспоставува стратешко партнерство кое ќе овозможи воведување на нова, високо-барана квалификација во индустријата за камиони и тешки товарни возила.

Министерството за образование и наука посветено работи на зајакнување на стручното, посебно на дуалното образование како сигурен модел кој продуцира кадри со вештини за кои пазарот на труд има потреба. Ресорната министерка Весна Јаневска, по потпишувањето, нагласи дека посебно е значајно воспоставувањето на партнерство со Волво, како еден од глобалните лидери во иновации и одржливост.

„Очекуваме проектот да резултира со нова наставна програма и наставни материјали, обука на наставници, обезбедување неопходна опрема, како и можности за практична настава“, рече Јаневска, додавајќи дека се видливи резултатите од бројните активности за подигнувањето на квалитетот на стручното образование и обуката. Бројот на запишани ученици во средното стручно образование од година во година расте. Во последнава учебна година во средните стручни училишта се запишаа 11.753 ученици, во прва година.

Дуалното образование е застапено во 62 училишта, а над 550 компании се вклучени во практична настава на овие ученици. Министерството за образование и наука како висок приоритет го има зголемувањето на квалитетот на стручното образование и неговото прилагодување кон потребите на пазарот на трудот.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ