ЈАНЕВСКА : АКТУЕЛНАТА ВЛАДА ГО УНАЗАДИ ОБРАЗОВАНИЕТО, ЗАТОА ИДНАТА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ НАПРАВИ РЕАЛНИ И КВАЛИТЕТНИ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ

0
276
Ниедна од реформите на оваа Влада не вроди со плод, па да биде катастрофата поголема нивните реформи не донесоа на пониско ниво во образованието, наместо да имаме некаков континуитет и да одиме по чекор напред, рече Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
 
Јаневска посочи дека сите нивоа на образование се неделиви, тргнувајќи од предучилишно па оние по дипломирање на студентите, како магистерски, докторски, специјализации.
 

„Како што спомена претседателот Христијан Мицкоски, и предучилишното образование треба да биде во ресорот образование, а не во труд и социјала. Другата страшна грешка е концепцијата за основно која е позната како концепција на министерката Мила Царовска. Таа концепција не е спроведлива, не може кај нас учење без учебник“, кажа Јаневска.

Јаневска се осврна и на проблемот со регионалните стручни центри.
 
„Во средно образование сме отвориле регионални центри за средно стручно образование. Има во Куманово таков регионалниот центар и учениците четири години учат онлајн, тој центар е направен, но нема друга опрема, столчиња, клупи, табли и нема зошто парите се потрошија на Бехтел и Енка и на што се не. Нема каде да се изреагира, нема каде да изреагираат родителите, се случува или да не добијат одговор или да добијат смешен одговор. Децата се деца во пубертет и им е полесно така да учат, но требало да им се каже. Учењето онлајн кај нас не е исто како она во Естонија, кај нас присуството е неопходно, дополнително ова е стручно образование“, посочи Јаневска.
 
Јаневска информираше дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го опреми овој центар и ќе отвори уште три, бидејќи како што рече „ни треба работна рака бидејќи сите што можат да работат отидоа да работат надвор од Македонија“.
 
„Целта на овие центри е да ги подготват учениците за работа за да не мора да купуваат карта во еден правец, како што е случај тоа сега“, изјави Јаневска.
 
Јаневска посочи дека идната влада ќе се грижи за стандардот на наставниците во сите нивоа на образование, како и професорите на факултет, бидејќи од овој кадар зависи квалитетот на образование.
 
„Универзитетските професори на пример работат на истражувања, на проекти, ако тоа го прават ќе имаат простор да пишуваат и објавуваат трудови во списанија со импакт фактор. И ние велиме дека ќе добијат 50 проценти повисока плата цела година. Но, да не мислат колегите ако се потпишат 15 лица на трудот сите ќе добијат, ќе добие само носителот на трудот, ќе има правилник“, кажа Јаневска.
 

Јаневска посочи дека проблемот во Македонија е апатијата која е резултат на  високиот степен на корупција, погрешни модели во општество и оти ова ќе треба да се смени.