Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ја почна својата одбрана како второобвинета во случајот “Рекет”. Таа за првпат зборува пред судот.
„Да знаете вие што се знам јас од тие фајлови за многу луѓе, немаше јас овде да бидам. Но, збор не излезе од СЈО, ни буква! Затоа што работат по законот, зашто моите обвинители на тоа се обврзаа и затоа јас многу ги почитувам! Се надевам дека фајловите се сè уште во зградата на Специјалното јавно обвинителство, каде се наоѓаат во специјални сефови. Јас ги набавив тие сефови, неуништиви се. Може да горат на лава еден час и да не се стопат”, зборуваше Јанева на директни прашања од нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.