ЈАКИМОВСКА ПАНЧЕВСКА : ДОКОЛКУ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ САКА ДА БАРА БЕТОНСКИ ЗДАНИЈА, НЕКА СЕ СЛИКА ПРЕД НЕГОВИТЕ ВО КАРПОШ, КАДЕ НАПРАВИ БЕТОНИЗАЦИЈА

0
375

Почитувани,

Доколку Стевчо Јакимовски сака да бара бетонски зданија нека се слика пред сите бетонски зданија во Карпош кои се врзуваат со неговата работа. Туку одговорите на дилемите да ги побара на друго место.

Бетонизацијата на Стевчо Јакимовски не ја пратат инвестиции во делот на проширување на капацитетот на атмосферската канализација, водоводната мрежа, напротив за зграда повеќе на урбаната мафија се руинира животот на граѓаните кои веќе живеат во општина Карпош.

Со Стевчо Јакимовски во Карпош нема нови паркови, нема нови зелени површини, само бетонизација.

Изговорот дека зад ДУП-от се кријат нови паркинг места е само блед обид да го протне бетонското чудовиште кај „Алумина.

Јакимовски единствен интерес кој го има е штанцање на што повеќе маркици за згради на нему добро познати инвеститори, а не за интересот на квалитетното, урбаното и хумано живеење.

Јакимовски наместо да биде градоначалник и да работи со цел креирање подобри услови за живот на жителите во општина Карпош се претвора во мегафон на други профитно заинтересирани центри.

А, со фактот што не прави прес конференции пред Владa, а редовно се обраќа пред седиштето на опозицијата покажува дека Стевчо Јакимовски е привезок на власта.

Правењето на пресови пред седиштето на опозицијата е погрешна адреса. Одговорите на дилемите околу зградата да ги бара на друго место, знае точно каде и на кои адреси.