Ѕинго мал, Горан Иванов од Јанакиески бара повисока зграда за Социјалистичката партија

0
2952

Mile-Janakieski

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Горан Иванов 

ГИ: Мичо…

МЈ: Е Горан…

ГИ: Шо праиш?

МЈ: Имав некој со здружениево на превозници нешо пресој имавме, затоа не можев да ти се ја…

ГИ: Аа… види…абе ова, таму има една зграда социјалистичка партија у ова… у Тафталиџе, знаеш тоа нели…

МЈ: Добро…

ГИ: Ааа и сега тоа шо…шо зборевме околу висините, тоа време…

МЈ: Добро…

ГИ: Заа… овие од општина успеав да излобирам таму некако у Карпош, го дигна на 3 и 50

МЈ: Колку сакаш ти да бии таму?

ГИ: А?

МЈ: Колку сакаш таму да бии?

ГИ: 13 и 50

МЈ: Таму се бунеа луџе, идеа кајнас дрнрмндр нешто…

ГИ: Абе одјеби ги кој им ебе матер… пази тоа од западна страна е од јужна разбирам…

МЈ: Добро, ај ќе видам…

ГИ: Оти тоа на партијава наша е сакам да си го напраиме да ни биде тоа ко убоо седиште таму да…

МЈ: Добро шефе готово..

ГИ: Ај молим те…

МЈ: Ајде чао

Разговор помеѓу Горан Иванов и Миле Јанакиески 

ГИ: Мичо шо праиш?

МЈ: Добар бе на работа

ГИ: Слушај…

МЈ: Молам

ГИ: Овој тендеров за у Кратово шо беше… отиде

МЈ: Како?

ГИ: Мислам заврши…

МЈ: Доб…

ГИ: … меѓутоа сумата со којашто ние бевме најдобри е поголема од онаа што е предвидена со тендерот…

МЈ: Добро…

ГИ: И сеа овој се јавил некој таму од министерство кај градоначалникот ќе го поништувал тендерот и така натаму…тоа е тотална глупост пошто овој…

МЈ: Нее, знаеш како можи…

ГИ: Значи овај е по проекат, изведбено можи да биди и 40 милиона од кај знаеме утре, значи овдека е…

МЈ: Горан слушај како треба, оти ние скроз ги искористивме парите за Кратово…

ГИ: Добро…

МЈ: Мислам дека е така, ќе ти проверам… ааа треба општината Кратово да си донесе одлука на Совет дека разликата помеѓу тоа што го има Министерство за транспорт и врски и цената што е понудена тој ќе ја покрие…