Monday, November 4, 2024
9.8 C
Skopje

ЃОРЃИЕВСКИ : ПОТЕГОТ НА БЕЛГРАД ЗА ДА НИ ОТСТАПИ АВТОБУСИ Е ДОБАР, НО ТОА ГОВОРИ ЗА НЕСЕРИОЗНОСТА НА АРСОВСКА ДА ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ

Фото : Илустрација

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го оценува како добар потегот на Белград, кој според најавите, ќе отстапи автобуси „Соларис“ на Скопје, но смета дека од друга страна тоа говори за несериозниот пристап на градоначалничката на Скопје и неможноста таа да се справи со предизвиците. – Во Скопје има бројни проблеми, еден од најголемите и крупен проблем е поврзан со градскиот превоз.

Една голгота што нашите граѓани ја трпат повеќе од две и пол – три години откако Арсовска е на чело на Град Скопје и сметам дека таа треба да има посериозен пристап во надминувањето на проблемот. Ова е добар потег на градот Белград што сака да подаде рака кога гледа дека град Скопје е во тотален хаос, но тоа говори за несериозниот пристап на градоначалничката и неможноста да се справи со она што значи предизвик и решавање на проблемите со градскиот превоз, изјави Ѓорѓиевски.

Дописникот на МИА од Белград вчера извести дека Центарот за локална самоуправа (ЦЛС) соопштил дека, според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во Северна Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

КАМАЛА ХАРИС ВЕЌЕ ГЛАСАЛА, НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ПОРАЧА : ВАШИОТ ГЛАС Е ВАША МОЌ!

Потпретседателката на САД и  кандидатка на демократите за иден...

УТВРДЕНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ТЕТОВО, ОХРИД И СТРУГА, ЗАТВОРЕН Е СТРУШКИОТ МЕДИЦИНСКИ СМЕР

Инспекцискиот надзор утврдил нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ