Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека наскоро ќе биде распишан Јавен повик за доделување на финансиска помош за жртвите на семејно и родово насилство.
Ѓорѓиевски додаде дека единствен услов за добивање на финансиски средства за оние кои што ќе се пријават е приложена потврда дека се регистрирани како жртви на семејно насилство, при што гарантира дискреција и целосна приватност на нивните лични податоци.
Ова не е прва мерка која ја воведуваме во насока на надминување на ваквите или слични проблеми. Претходно, во населбата Црниче, заедно со граѓанската организација „Крик” отворивме канцеларија за психолошко советување на жртвите од булинг, семејно или било каков тип насилство – пишува градоначалникот.